сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер во општина Илинден, еве што било пронајдено кај него (ВИДЕО)

Приведен дилер во општина Илинден, еве што било пронајдено кај него (ВИДЕО)

Денеска (04.04.2022) во с.Кадино, општина Илинден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(51) од Кадино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, до надлежното основно јавно обвинителство, ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.