понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец, украденото вратено на сопственикот

Приведен скопјанец, украденото вратено на сопственикот

На 30.08.2022 во 22.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода А.Л.(22) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 24.08.2022 на место викано „Шамак“ под Зајчев рид со употреба на алат одзел предмет сопственост на Т.Т.(45) од Скопје.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.