вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен жител на прилепско, кај него полицијата пронашла 1 килограм марихуана

Приведен жител на прилепско, кај него полицијата пронашла 1 килограм марихуана

На 22.03.2022 во 14.25 часот во Ресен, на ул.„Корчуланска“, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од с.Селце, прилепско.

Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу 1 килограм марихуана, која била одземена.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. (МИА)