петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена дрога во гостиварско, приведени две лица

Пронајдена дрога во гостиварско, приведени две лица
фото-илустрат

На 21.06.2022 околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.