вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдена марихуана кај две лица и еден 16 годишник во скопски Чаир и Драчево

Пронајдена марихуана кај две лица и еден 16 годишник во скопски Чаир и Драчево

На 12.08.2022 во 21.20 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен од слобода е Л.Д.(18) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2022 во 01.00 часот на подрачје на Драчево полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода е Д.Ѓ.(19) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.08.2022 во 02.20 часот на подрачје на Драчево од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е 16-годишник од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.