сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сакал да продава дрога на новогодишната ноќ во Скопје, еве што најде полицијата кај дилер (ФОТО)

Сакал да продава дрога на новогодишната ноќ во Скопје, еве што најде полицијата кај дилер (ФОТО)

Вчера (31.12.2022) во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае.

При претресот пронајдени се  две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели  за новогодишната ноќ.

-Министерството за внатрешни работи и понатаму продолжува со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога, велат од МВР.