Четири лица се полесно повредени во три од вкупно шест сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Во три незгоди е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дванаесет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, шест возачи поминале на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци и тројца возачи за неправилно престигнување.
Од сообраќај се исклучени тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 14 технички неисправни возила. Санкционирани се и 10 пешаци кои не поминале на пешачки премин и двајца пешаци кои поминале на црвено светло. Затекнати биле 103 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 95 возила.