На 23.12.2017 година во 16,55 часот во Полициско одделение -Новаци, Т.П.(34) од с.Добрушево, пријавил дека го пронашол починат Р.Т.(41) од Шведска, со привремен престој во с.Добрушево.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Од првичниот визуелен преглед на телото на починатиот не биле забележани знаци на насилна смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.