петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец преживеал ужас: Четири лица се обиделе да го претепаат, му го оштетиле возилото и вратата од куќата

Скопјанец преживеал ужас: Четири лица се обиделе да го претепаат, му го оштетиле возилото и вратата од куќата

На 12.07.2022 околу 18:00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот.

Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.