петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со оружје се заканувал по недоразбирање во сообраќајот

Скопјанец со оружје се заканувал по недоразбирање во сообраќајот

На 27.09.2020 во 13:30 часот во СВР Скопје, Ј.И.(23) с.Визбегово, скопско и А.Н.(46) од Скопје пријавиле дека на крстосницата на бул.„Словенија“ со „Качанички пат“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, лице кои управувало патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со оружје им упатувало закани.

По преземени мерки возилото и возачот биле пронајдено.

Се работи за лицето Г.К.(35) од Скопје, кој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.