понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СКОПЈАНКА ЗАГИНА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – телото предадено на обдукција

СКОПЈАНКА ЗАГИНА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – телото предадено на обдукција

СВР Скопје информира дека вчера во 09.41 часот било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје, а Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.