Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 15:20 часот се случила на шумскиот пат во Шумско стопанска единица-Градечка планина-Водисир, Општина Валандово.
Од полицијата информираат дека Т.Д.(58) од Валандово управувајќи товарно моторно возило „Там 80-Т“ со валандовски регистарски ознаки, излетал од шумскиот пат и се превртел во провалија.
-Во незгодата од здобиените повреди на местото на настанот починал сопатникот Ж.Д.(51) од Валандово, додека сопатникот Д.Ј.(26) се здобил со телесни повреди во пределот на главата, стои во полицискиот билтен.