Двајца синови на сопственик на угостителски објект во Боговиње и вработен во објектот вчера вечерта физички го нападнале М.А. (28) од Тетово пред локалот.
Како што информираат од полицијата тие го удирале со бејзбол палки и други тврди предмети.
-На М.А. му била укажана медицинска помош во Медицински центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.