Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“
-Во близина на мостот над село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид, информираат од МВР.
Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.
Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.