понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица приведени: Едното било агресивно кон полицијата откако му одзеле марихуана

Три лица приведени: Едното било агресивно кон полицијата откако му одзеле марихуана

На 16.11.2022 околу 14:30 часот на улица „Штипска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(20), А.Б.(24) и А.Е.(18), тројцата од тетовска Голема Речица, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.

Притоа, Е.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.