петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен кичевец, полицијата во неговиот дом пронашла оружје имуниција

Уапсен кичевец, полицијата во неговиот дом пронашла оружје имуниција

На 12.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ј.Н.(27) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле два револвера „Екол Випер“, 19 куршуми, 21 сачми од ловечки патрони и 14 испукани ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.