Вчеравечер (8 септември) околу 23 часот, во тетовско Боговиње, на локалниот пат кон Селце -Кеч, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот А.И. од ова село, затоа што при негов и преглед на патничкото моторно возило „фолксфаген туран“ со тетовски регистарска ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена марихуана.
Тој е задржан во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен поднесок.