четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени двајца албански државјани во Тетово, кај нив пронајдена марихуана

Уапсени двајца албански државјани во Тетово, кај нив пронајдена марихуана

На 27.05.2019 година околу 14:00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Tетово, полициски службеници ги лишиле од слобода албанските државјани О.М.(25) и Е.Т.(21).

При нивен преглед била пронајдена марихуана, по што биле задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.