петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени тројца штипјани, се сомничат за грабеж на аптека во Скопје

Уапсени тројца штипјани, се сомничат за грабеж на аптека во Скопје

На 14.04.2020 во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“, во аптека, маскирано лице со закана со нож од вработената ги одзело парите од дневниот промет.

-По преземени мерки од полициски службеници, поради основано сомнение за извршување на споменатото кривично дело, биле приведени Р.А.(30), С.Ѓ.(20) и В.А.(20) сите од Штип, кои биле со возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, информираат од МВР.

При извршениот преглед кај Р.А. била пронајдена и марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.