петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсено лице од Кратово: Во автомобилот имал дрога, а превезувал малолетник

Уапсено лице од Кратово: Во автомобилот имал дрога, а превезувал малолетник
илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(28) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 14.03.2019 година на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај место викано „Кантонче“, полициски службеници при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое како сопатник бил еден малолетник, пронашле и одзеле марихуана.