СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 05.09.2018 во Велес полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.