петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Украден уште еден автомобил во Скопје

Украден уште еден автомобил во Скопје

З.В. (54) од Скопје, вчера пријавил дека во периодот од 12.00 часот на 05.01,2018 до 07.00 часот на 09.01.2018 година, од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот ја отворил вратата, влегол внатре и го стартувал возилото со оригинален клуч, кој стоел на бравата и заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и расчистување на настанот.