Непознато лице украло 18 лап топ компјутери од кабинетот по географија во основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“ во Шуто Оризари.
Кражбата која во полиција била пријавена вчера се случила во период од 7 до 12 декември.
Не е познато зошто тешката кражба во полиција е пријавена по речиси еден месец.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.