вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Живеела кај момчето: Приведена Кубанка која илегално влегла во Македонија

Живеела кај момчето: Приведена Кубанка која илегално влегла во Македонија

Синоќа околу 20.30 часот каj раскрсницата во село Велушина, битолско, полициски службеници ја пронашле Б.В.Ф.Т. (50) од Куба, каде живеела без документи за идентификација.

По извршените проверки било констатирано дека престојувала кај нејзиното момче во Прилеп, но илегално влегла во Република Македонија. Б.В.Ф.Т. е приведена во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.