Турската артилерија гранатирала четири населби во близина на сирискиот град Рака, соопшти денеска курдскиот ТВ канал Рудав.
Според извештај на телевизијата, турските вооружени сили гранатирале четири села северозападно од Рака, пренесе Тасс.
Нема информации за евентуални жртви.
Во гранатирањето, според телевизијата, бил уништен ресторан што се наоѓа на автопатот М-4, меѓу Алепо и Латакија.
Од средината на март, Русија и Турција заеднички патролираат на автопатот М-4 со намера да воспостават безбедносен коридор долж рутата. (MИА)