недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

205 казни за брзо возење

205 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести