Во Штип нема болница, а јавноста нема одговори. Поминаа неколку дена откако во медиумите се објави аферата „Рекет 3“, а власта се уште молчи за истата. Граѓаните повторно се без одговори зошто не е изградена новата болница и каде заминаа милионите.
Аналитичарот Оливер Андонов во изјава за Курир вели дека како што тргнала власта на СДС, нема да може да се добројат аферите и тоа само оние кои се именуваат како Рекет, а да не се зборават сите оние кои поминале онака „незабележително“, а кои не само што биле криминални, коруптивни и тешки по неколку милиони и десетици милиони евра, туку беа и навредливи за Македонија како држава.
Андонов смета дека сите афери, особено аферите „Рекет“ претставуваат навреда за Македонија, слика за криминалната власт на СДС која и своите последни денови ги троши во непокајание и со огромна желба да собере – украде се што може од граѓаните.
-Конкретната афера Рекет 3 во својата основа има 7 (седум) милиони евра. Пари кои на најбезобразен и мизерен начин, навредувајќи ја интелегенцијата на граѓаните СДС преку Министерството за здравство сака да ги украде од македонските граѓани. Не е можно да се објасни како тоа и која тоа најсофистицирана технологија (па дури и во здравството) за само две години (повторно да не заборавиме не намонтирана и неупотребена) застарила до тој степен што е потребно истата да се замени со нова во вредност од седум милиони евра. Токму затоа, но и поради тоа што во овој бизнис се вмешани некои „стратешки“ внатрешни политички партнери на Заев и СДС, а времето истекува и Заев мора да се раздолжи кон нив, власта на СДС и Министерството за здравство во прв ред молчат. Тие и ќе продолжат да молчат, а при тоа ќе се обидат да ја замајуваат јавноста со некакви си клучни безбедносни прашања од типот: „Зошто се одземаат автомобилите од обезбедувањето на Спасовски и други“? Но, и за тоа зошто 35 службени автомобили на МВР се дадени на користење „несоодветно“ или тоа е намерно направено заради остварување на други цели може да биде вовед во некоја нова афера Рекет или со некое друго име, вели Андонов за Курир.
Според него оваа власт на СДС дојде на власт на криминален начин и со изгубени избори, затоа ќе се обиде да се прави недоветна и дека ништо не знае, не гледа и не слуша и дека не е од тука.
-Сепак, така како што дојдоа срамно, криминално и корумпирано, така и ќе си заминат. Ќе си заминат пред се засрамени, а потоа и ќе одговараат за сторените кривични дела и криминалот и корупцијата кои во оваа време невреме на владеење на СДС стана нивна препознатлива политичко-криминална матрица, смета Андонов.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека граѓаните на Штип не виделе ништо од новата клиничка болница.
-Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.