среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апасиев: Нашите политичари покажаа дека немаат појма од дипломатија, ова е студен туш на Заев

Апасиев: Нашите политичари покажаа дека немаат појма од дипломатија, ова е студен туш на Заев

Професорот по римско право и дел раководството на „Левица“, Димитар Апасиев на Само вистина на Канал 5 вели дека власта не може да води надворешна политика со сервилност.

-Ова е одраз на лилипутанскиот синдром на двојката Заев и Димитров, испаќа дека е точна тезата која што ја пласирав дека не можете со сервилност да водите надворешна политика, тогаш дури во очите на вашите империјални господари на западот вие сте карикатура.

Тој вели уште непроменети останаа химната и грбот, што требаше уште повеќе да направиме, неговата теза вели уште пред референдумот беше дека утредента да требаше да бидеме полноправни членки не требаше да го промениме името, а не па за некаков си датум, вели Апасиев.

Професорот истакна дека требаше името да не се менува, требаше да си продолжат преговорите, требаше домашни реформи, реформи на правосудството, владеење на право ,правна држава, и антикорупција, тука е рак раната за државата.

-Нема измислување топла вода здравство социјала, обрзование, ако тие се темелите, а вие ги уредите, тогаш вие сте ја донеле Европската унија тука. Ние воспоставивме камшикарска идеологија, поданични менталитет кој што не вродува со плод и така и сме перцепирани, и затоа може да очекуваме пораз до пораз, вели Апасиев.

Најнови вести