четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Апасиев vs Кировски: Професорот обвинува за бојкот, главниот уредник на Телма вели Левица не е политички субјект

Апасиев vs Кировски: Професорот обвинува за бојкот, главниот уредник на Телма вели Левица не е политички субјект

Професорот по римско право и дел раководството на „Левица“, Димитар Апасиев реагира дека неговата партија упорно се бојкотира од страна на телевизија Телма и Атанас Кировски, главен и одговорен уредник.

-Левица / E majta / Levica – единствената „трета опција“ која реално има шанси да влезе во парламент и која веќе има учествувано самостојно на два изборни циклуса, со поминат цензус, трета година по ред е упорно БОЈКОТИРАНА од страна на провладината национална телевизија Телма со Атанас Кировски како главен и одговорен уредник. Не е викнат ниту еден гостин во емисија, не е пропратено ниту едно соопштение, не е проследена ниту една прес конференција за суштински општествени теми! Тоа е тој професионализам, тоа се тие новинарски стандарди за избалансирано известување. p.s. И после не се чудете оти гледаноста ви е опадната за 1/2 од времето на Грујо. Оти станавте тоа што го презиравте, напиша Апасиев на Фејсбук.

На тоа, преку Фејсбук му реплицираше и главниот и одговрен уредник на Телма, Кировски.

Најнови вести