петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БЕСА иницира средба со политичките партии на Албанците околу барањата за измените на амандманот 5 од Уставот

БЕСА иницира средба со политичките партии на Албанците околу барањата за измените на амандманот 5 од Уставот

Политичката партија БЕСА денеска ќе испрати покана до сите партии на Албанците за заедничка средба, информира денеска генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа.

На средбата треба да се разговара за измените на амандманот 5 од Уставот што БЕСА ги бара, односно да се смени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.

Генералниот секретар на БЕСА Хоџа изјави дека на средбата може да присуствуваат и оние партии на Албанците коишто имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана.

Средбата се очекува да се одржи откако ќе ги добијат одговорите од сите партии, а Хоџа очекува тоа да биде следната недела. (МИА)

Најнови вести