четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Блиц“ за Чочоровска: Таа беше кума на Аркан, фатена со 483 килограми кокаин- сега излезе од затвор (ФОТО)

„Блиц“ за Чочоровска: Таа беше кума на Аркан, фатена со 483 килограми кокаин- сега излезе од затвор (ФОТО)

Македонката Станислава Чочоровска –  Полетан (48), кума на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, која судот во Скопје ја осуди на 14 ипол години затвор поради шверц на 483 килограми кокаин, поради лекување е пуштена на едномесечно отсуство од затворот во Идризово, пишува српски „Блиц“.

– Чочоровска- Полетан, сопруга на Ранко Полетан, некогашниот припадник на единицата „Тигри“ на Аркан, и сопственик на фирмата „Макфут“, стана актуелна во јавноста во јануари 2007-ма година, откако на Божиќ македонските полицајци и цариници во рутинска контрола на граничниот премин Блаце открија и запленија 483 килограми и 170 грама кокаин, чија вредност беше проценета на 92 милиони евра. Тогаш е уапсен и возачот на камионот, скопјанецот Алија Азировиќ, пишува најтиражниот српски весник.

Утврдено е дека дрогата, која била скриена во канти од поликолор, од Венецуела, преку Црна Гора требало да стигне до Грција и оттаму да се криумчари во други држави од Европската унија. Кантите поликолор во Бар се натоварени во камион со македонски таблички кој го управувал Азировиќ, а во планираниот пат до Грција требало да помине низ Македонија.

Дрогата „патувала“ во камион на фирмата „Макфут“, па српската полиција веќе на средината од јануари, по македонска потерница ја уапси Чочоровска- Полетан.

– Немам ништо со тоа криумчарење, се ми е наместено. Оној кој шверцува толкава количина кокаин има милиони евра, а јас живеам во стан од 70 квадрати. Да сум шверцер, ќе имав свој солитер, изјави непосредно пред апсењето за белградските медиуми Станислава Чочоровска- Полетан. Таа тогаш наведе и дека со македонската власт која ја смета за пробугарска и проалбанска, не мисли да соработува.

И после апсењето, пред Судот во Србија негираше дека има врска со запленетиот кокаин. Потоа поднела молба за добивање на српско државјанство, бидејќи е мажена за српски државјанин и со години живеела во Белград, но српското МНР тоа го одби, па на 10-ти мај истата година беше испорачана во Македонија.

Македонската полиција во истрагата дошла до сознанија дека Чочоровска со посредство на својата фирма и претходно криумчарела кокаин, но преку Ријека.

– Занимливо е тоа што пред нејзината екстрадиција, низ македонските медиуми се појавија шпекулации како Чочоровска- Полетан е спремна да соработува со правосудството во Скопје и да нуди име на личност која требало во средината на 90-тите да го убие тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Од таа соработка немаше ништо, пишува „Блиц“.

Најнови вести