петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Блиски соработници на Османи тајно преговараат за македонскиот идентитет во Софија“

„Блиски соработници на Османи тајно преговараат за македонскиот идентитет во Софија“

Секогаш кога ќе се преговара позади завесата и надвор од очите на јавноста Македонија губи. Секогаш, буквално секогаш тоа се случува, така и овој пат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според информациите на Мицкоски двајца блиски соработници на Бујар Османи Агнеса Руси и Методија Белевски изминатите денови биле во Софија, дополнително ја повика јавноста и медиумите да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарање во Софија. Ниту едниот ниту другиот имаат стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот имаат приоритет да го заштитат македонскиот национален интерес, да го заштитат интересот на македонските граѓани и пред се на македонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат за идентитетот на македонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја тоа е во всушност идентитетот на македонецот, истакна Мицкоски.

Еве поставете го ова прашање дали овие две лица во изминатиот период повторно беа присутни во Софија, без притоа да им даде никој мандат и преговараа за таканаречениот протокол да биде дел од преговарачката рамка, рече тој.

Најнови вести