недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боки 13 го изгуби спорот против „Систина“, треба да плати околу 11.000 евра на болницата

Боки 13 го изгуби спорот против „Систина“, треба да плати околу 11.000 евра на болницата

Бојан Јовановски го изгуби судскиот спор против клиничката болница „Аџибадем Систина“, па сега ќе мора да плати долг во висина од  околу 11.000 евра, пренесе 24.мк.

Неговата тужба од Кривичниот суд во Скопје е одбиена. Боки 13 бил корисник на здравствените услуги на болницата и таму, како што изјавија сведоците на едно од рочиштата за случајот „Рекет“, ја правел и операцијата за губење на килограмите.

Јовановски правел операција за стеснување на желудникот во јануари 2019 година и до денес не ги подмирил трошоците.

Наместо тоа, тој поднесе тужба против болницата, но судот одлучи дека е неоснована.

Најнови вести