сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Божиќно послание на Владиката Повардарски Агатангел

Божиќно послание на Владиката Повардарски Агатангел

Владиката Повардарски Агатангел од седиштето на Епархијата Повардарска во Велес наспроти големиот христијански празник Божик упати Божикно послание до свештенството и православните верници

Почитувани отци и верни чеда на Македонската православна црква, односно Повардарската епархија, ситуацијата во која се наоѓаме бара од нас, како свештенослужители и работници на Господовата почва, одговорно и совесно однесување. Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 создаде многу здравствени проблеми, однесе многу животи и времено го промени нашето секојдневие. На никој од нас не му е сеедно во овие тешки времиња, но нашиот одговор, како во секоја Богомдарувана животна ситуација е важен. Бог благоизволи, Ние, свештенослужителите да го сведочиме Словото, но да не заборавиме дека Бог ја осветува и просветлува секоја жива твар, па така сите останати професии се Божјо создание и допуштение. Во овие здравствено-кризни моменти, целата медицинска фела е на браникот на борбата за зачувување на општонародното здравје, затоа Ве повикувам безусловно и неколебливо да им помогнеме на сите нив, да истраат во нивната борба за сите нас. За да им помогнеме треба неколебливо да ги следиме сите препораки и совети дадени од нивна страна. Се друго во овие моменти е противење на Божјата волја, порача митрополитот Повардарски Агатангел.

 Додаде дека е неразумното мудрување и надмудрување со работи кои не ги разбираме, и кои можат да нанесат само уште поголема штета.

– Уште еднаш апелирам до сите, да се однесуваме совесно и одговорно во овие моменти. Крајот на оваа криза се надѕира, но сеуште не е се готово, бидејќи се зависи од нас, порача митрополитот Повардарски Агатангел. 

Најнови вести