среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Царовска како нејзиниот шеф Заев прави дискриминација на вработените по градинките низ државата“

„Царовска како нејзиниот шеф Заев прави дискриминација на вработените по градинките низ државата“

Вработените во градинките станаа жртви на лагите на СДСМ. Царовска секој ден оди по градинките и ги лаже вработените дека ќе им ја зголеми платата. А, не сака да им одговори на истите вработени зошто на почетокот на годината им ја намали платата за околу 900 денари. Царовска како нејзиниот шеф Заев прави дискриминација на вработените по градинките низ државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистина е само дека покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС. Поради овие лаги и манипулации Царовска не заслужува да остане министер на МТСП, стои во реакцијата и се додава:

„На СДСМ и нивното деструктивно владеење треба да се стави крај. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар живот“.

Најнови вести