сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: Спасовски пред да замине во текот на еден месец издал 1750 решенија, а во последната недела издал 1100

Чулев: Спасовски пред да замине во текот на еден месец издал 1750 решенија, а во последната недела издал 1100

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во „Само интервју“ вечерва говореше за незаконските решенија кои што ги доделил Оливер Спасовски.

-Јас ја информирав јавноста дека поранешниот министер на МВР, Оливер Спасовски пред да замине во текот на еден месец издал 1750 решенија, а само во последната недела издал 1100 решенија, појасни Чулев.

Чулев додаде дека тој не ги поништи решенијата, туку формирал Комисија за да ги разгледа сите решенија.

-Комисијата има констатирано дека од решенијата кои биле издадени во текот на изминатиот месец 122 се незаконски, 64 од тие решенија биле издадени на луѓе кои што во моментов на издавање на решенија биле на годишен одмор или биле на боледување. А, сето тоа е целосно спротивно на законот за работни односи. И согласно тоа, тие решенија не биле поделени. Истовремено беше повикан и трудов инспекторат кој што изврши увид и еве се уште чекаме одлука од трудовиот инспекторат, односно произнесување во однос на овие незаконски решенија, истакна Чулев.

Најнови вести