четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Цветановски: Ако се откажеме од Гоце Делчев се откажуваме од се што тој направил за Македонија и македонскиот народ

Цветановски: Ако се откажеме од Гоце Делчев се откажуваме од се што тој направил за Македонија и македонскиот народ

Ако се погледне што се Гоце Делчев има направено за Македонија и македонскиот народ и ние се откажеме од сето тоа кажуваме дека се откажуваме од него и дека залуден бил неговиот труд, изјави професорот Гоце Цветановски од Инститот за македонски јазик во Само вистина на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека наметнувањето на проблеми со диктат од една страна кон друга, како што прави Бугарија во моментов е неприфатливо во 21 век, во процес на развиена демократија.

„Бугарската академија на науките излезе во најмала рака со брошурка или памфлет со тези кои во науката неодамна се расчистени. Кога станува збор за научната мисла во Бугарија, тие немаат расчистено со многу тези и дилеми и се враќаат во времето на романтизмот, кога беше претензија за големи држави и нации и се повикуваа на митски претстави, но тоа време во Европа е одамна поминато.“, истакна Цветановски

Тој додаде дека двата договори со Бугарија и Грцијат се добро уиграна работа со кои ние се откажуваме од целата наша историја се до 1945 година и се само повторување на грешките од минатото.

„Ако добро се проследи ситуацијата и претходно. Јас рагирав и на потпишувањето на договорот со добрососедство да укажам на повторување на грешките од историјата. Ова е само повторување на грешката што сме ја направиле повеќе пати, и сега се повтори. Прво следуваше договорот од Преспа со Грција, а во меѓувреме договорот за добрососедство со Бугарија. Зарем не видовме дека тоа е добро уиграна игра која што се повторува? Зарем не видовме дека Грција претендира на античкиот период, дека немаме право ништо да споменеме ни во науката. Што да правиме ако се најде артефакт во денешна Република Македонија? Зарем треба да ни диктираат? Од друга страна бугарската официјална политика сака да присвои се што е од словенскиот период а тоа значи од 9 век па до 1945 година и со тоа да ја потврдат тезата дека македонскиот народ е вештачки народ.“ нагласи Цветановски

Најнови вести