понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Спасовски ќе ја разреши Петровска како што ја разреши Мизрахи поради логото со Република Македонија, на официјална изјава?

Дали Спасовски ќе ја разреши Петровска како што ја разреши Мизрахи поради логото со Република Македонија, на официјална изјава?

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, беше разрешена бидејќи го користеше името на Република Македонија.

Кога таа држеше прес-конференции зад неа стоеше табла на која беше и логото со натпис Република Македонија. Бидејќи тоа не им се допадна на Зоран Заев и Оливер Спасовски, тие ја разрешија Мизрахи. Ги погоди тоа што не ја истакнуваше придавката Северна.

Тврдеа дека ја разрешуваат само поради тоа иако беше јасно дека тоа што им пречи кај Мизрахи е што екс-министерката не им се потчини и ги откриваше нивните скандали и криминали.

Па, еве ако уште тврдат дека проблемот е во логото на кое пишува Република Македонија, а не Северна, сега треба да ја разрешат и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Таа исто како и Мизрахи денес направи нешто кое само според Спасовски и Заев е грев. Таа држеше прес-конференција, а зад неа беше истакнато Република Македонија, но не и Северна.

Ако Спасовски сака да докаже дека разрешувањето на Мизрахи не беше чист политички чекор, тогаш треба веднаш да побара и разрешување на својата сопартијка која сам ја стави на функција во МВР.

Најнови вести