вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дебата за учество во сообраќајот со електричен тротинет

Дебата за учество во сообраќајот со електричен тротинет

„Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?“ е темата на денешната тркалезна маса во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Настанот е дел од кампањата „Европска недела на мобилност“ прогласена од Европската комисија и има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност.

На тркалезната маса ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска, високи претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија, Министерството за образование и наука, Град Скопје, невладини организации и здруженија.

Најнови вести