сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Демант на Дамјан Манчевски

Демант на Дамјан Манчевски

Дамјан Манчевски испрати ДЕМАНТ во врска со објавениот текст на 13.02.2021 годинаво 19:50 часот и во 19:54 на Интернет порталот „kurir.mk“.

КУРИР го пренесува во целост демантот на Манчевски: 

На ден 13.02.2021 година на Вашиот интернет портал „kurir.mk“ објавени се два текстови, од кои првиот е со наслов: „Манчевски од СДСМ ја кажа вистината:Нема ниту трага ни глас од градските служби на Шилегов“објавен во 19:50 часот и вториот текст со наслов: „Поранешниот потпретседател на СДСМ ја кажа вистината:Нема ниту трага ни глас од градските служби наШилегов“ објавен во 19:54 часот, каде е наведено дека јас, во својство на Поранешен Потпретседател и актуелен член на СДСМ сум револтиран од градските служби што не е исчистен снегот од улиците на централното градско подрачје, за што наводно упатувам јавна критика кон Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Најостро ги демантирам и двата текстови, со речиси иста содржина создадена заради ширење на лажни вести, со цел да се предизвика нетрпение кон мене. Очигледно дека е злоупотребена и фотографија објавена на 09.01.2017 година на мојот профил на Инстаграм, како наводен доказ кој би требало да послужи како поткрепа на тврдењата на Вашиот портал изнесени на 13.02.2021 година.

Објавата на фотографијата е направена за јавноста да се доведе во заблуда, со тенденција да се рашири оваа лажна вест креирана од Ваша страна. Сите овие клеветнички и спинувани објави на Вашиот портал, свесно и намерно создадени како лажна вест, која притоа содржи навредливи и клевентнички наводи, се со една и единствена цел-повреда на мојот углед и чест. Очигледна е тенденциозноста во објавувањето на фотографијата и текстот под неа да создаде понижувачко мислење за мојата чест и мојот углед, преку изнесување на невистинити факти, за кои очигледно е дека знаете или барем сте биле должни да знаете дека се невистинити во контекстот во кој сте ги објавиле.

Барам овој Демант веднаш да биде интегрално објавен, иако веста е отстранета од Вашиот портал, на истиот начин и под истите услови, но без нејзино отстранување и во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ во согласност со одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Со почит, Дамјан Манчевски Скопје, 13.02.2021 година

Најнови вести