четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детали за земјотресот кој денес ги вознемири граѓаните

Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во западна Македонија и во градот Скопје.
Детали за земјотресот кој денес ги вознемири граѓаните

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 11:46 минути регистрирaше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5,1 степен со епицентар 145 километри северозападно од Скопје, во Република Црна Гора.

Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во западна Македонија и во градот Скопје.

Во Тетово и Гостивар земјотресот е почувствуван со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје, Струга и Кичево со интензитет од III – IV степени, а во Охрид  со интензитет од III степени.

Најнови вести