вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Џафери потврди дека пратениците можат да поднесуваат амандмани по овој закон

Димовски: Џафери потврди дека пратениците можат да поднесуваат амандмани по овој закон

Главната дилема денеска на седницата е дали ова Собрание треба или не треба да ги разгледува амандманите и дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ имале право да поднесат амандмани или не, истакна денес во Собранињето, Илија Димовски.

Тој го покажа пред јавноста документот под реден број 8583/2 од 22 јануари 2018 година потпишан од  Талат Џафери.

-Во документот се вели следното: Ве известуваме дека врз основа на Член 164 од деловникот на Собранието на Република Македонија, а во врска со член 173 и Став 3 од деловникот на Собранието, амандмани по Законот за употреба на јазиците можат да поднесувате најдоцна во рок од два дена  пред денот определен за одржување на седница на Собранието на Република Македонија односно 27 јануари 2018 година до 16 часот и 30 минути. Тоа значи дека господинот Талат Џафери самиот со свој потпис потврдил дека пратениците можат да поднесуваат амандмани по овој закон во оваа фаза од читање. Значи пратениците можат да поднесуваат амандмани, потпис господин Талат Џафери, истакна Димовски.

Тој говореше и за член 173 од деловникот на Собранието на Република Македонија, во кој ставот 3 вели: „По повторното разгледување на законот“, „Амандмани може да се поднесуваат само во врска со укажување на претседателот на републиката“.

– Претседателот на државата со полно право гарантирано од Уставот и од над 550 илјади гласови укажува на Собранието дека законот кој што помина во претходна фаза Законот за употреба на јазиците е неуставен во 19  свои членови е неуставен. Тоа право претседателот го има врз база на Уставот на државата. Пратениците од оваа страна на салата поднесоа амандмани исклучиво на тие 19 члена за кои што Претседателот на државата укажа дека се неуставни. Нема ниту еден амандман поднесен на член на законот за кои што Претседателот на државата не укажал дека е неуставен. Значи повторувам потпис на Талат Џафери дека пратениците може да поднесат амандмани , укажавувања од страна на претседателот на државата , Деловник, 173 член, став 3. Би сакал неколку работи да споменам. Ве молам имајте разбирање. Во постапката за донесување на овој закон неправилно беше употребено европското знаменце заради тоа што не постои европска регулатива за употреба на јазиците. Тој што го предложил законот со европско знаменце, тоа е владата на РМ , направила прекршување. Тој што дозволил таков закон со европско знаменце без да и го врати предлогот до владата и да им укаже дека нбемате регулатива на која што се повикувате што бара во еден од своите членови, направил класично прекршување на Деловникот. Понатаму побаравме јавна расправа. Да не спомнувам имиња. Неколку од пратениците на СДСМ ветуваа , се крстеа во Господ дека ке има јавна расправа во ова Собрание . Јавна расправа во ова Собрание немаше, порача Димовски.

Тој рече дека матично тело за разгледување на овој закон е Комисијата за политички систем, а не Комисијата за Европски прашања.

– Според одлуката за формирање на работни тела, трето прекршување. Четврта работа, филибастеринг, терминот кој што го користиме односно прекршување и одолговлекување на расправата во ова Собрание не ја направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, го направи лично господинот Артан Груби и господинот Реџеп Исмаили на Комисија на европски прашања кога не дозволија во рок од 3 дена ниту еден амандман да дојде да се произнесе Комисијата за европски прашања. Си играа играчки со еден амандман на Беса 3 дена. Не е смешно. Класичен филибастеринг. Ниту еден амандман во второ читање на ВМРО-ДПМНЕ од кои што 83 беа единствено, значи не беа 35 000 туку 83 амандмани суштински, за ниту еден амандман, Комисијата за европски прашања не се произнесе. Ниту еден амандман комисијата за европски прашања не се произнесе, рече тој.

Димовски рече дека расправата во повторената постапка за законот треба да се води според член 153 од Деловникот.

Членот вели: За секој амандман се води претрес и се гласа  одделно, став 1. Став 2 вели ако на иста одредба, не на ист член, на иста одредба од предлог на законот се поднесени два или повеќе амандмани, за амандманите се гласа според редот на кој што се поднесени. Ако со некои од амандманите се предлага бришење на одделна одредба, а има и такви од предлог на законот прво се гласа за тој амандман и ако амандманот се усвои не се гласа за другите амандмани.

Тој потсети и на член 67 од Уставот на Република Македонија,  во ставот 2 вели: Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието.

Најнови вести