Тој во својот ФБ пост објавен неодамна жестоко го запраша Заев зошто само се слика со тутунарите, а ги заборава сите останати земјоделци? И зошто се уште не се исплатени субвенциите за тековната година која веќе е на крај.
-Цуцуловски ја објави цената на тутунот и таа изнесува 209,5 денари и ќе има зголемување и на субвенциите бидејќи најголемото гласачко тело се тутунарите, а истото ова го направи и Груевски во 2006 година кога вети за тутунарите 1 евро субвенции за еден килограм. Овие исти постапки ги прави сега и премиерот Зоран Заев по постапките на Груевски оди и се слика по пунктовите. Дали во Македонија има само тутунари? Каде се лозарите, каде се јаболкарите од Ресен, од Росоман со праските и кајсиите, каде се земјоделците, сточарите, каде е Заев да каже колку пченица се има продадено до сега, каде е да каже нешто за јачменот?
Почитуван премиере одете сликајте се и со овие земјоделци, дајте им повисока цени и повисоки субвенции не само да се сликате во тутунскиот комбинат, одете сликајте се со другите земјоделци, одете да се сликате во Пелагонија да видите уште колку сточен фонд има и прашајте ги сточарите дали имаат земено субвенции за 2017 година и зошто не се исплатени истите?
Инаку Душко млекарот во друг ФБ пост јавно го критикува и Цуцулоски кој е подрачен министер за земјоделие во Битола кој е поставен на таа функција без работно искуство и ниеден ден работен стаж, ниту познавање ни од земјоделие ниту пак од сточарство. Тој јавно го праша и кога ќе се исплатат субвенциите што не се исплатени за 2017 година за сточниот фонд и за млекото, бидејќи веќе доаѓа 2018 година.