вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Движењето БЕСА ги избра партиските органи

Движењето БЕСА ги избра партиските органи

Денес, централното раководство на Движењето БЕСА го одржа првиот состанок на кој беа избрани партиските органи, почнувајќи од потпретседателите, генералниот секретар и партискиот портпарол. Централното претседателство со мнозинство гласови за потпретседатели ги избра Фатмир Лимани, Блерим Сејдиу и Беса Кадриу. За генерален секретар е избран Абдуш Демири, а за портпарол на партијата Фарук Авдиу.

Исто така, на оваа средба беше разговарано и за политичката состојба во државата и какви активности треба да се преземат понатаму. Движењето БЕСА смета дека предвремените парламентарни избори се вистинската опција бидејќи актуелната власт нема кредибилитет да ја води иднината на државата и дека земјата треба што поскоро да оди на парламентарни избори.

Најнови вести