четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ескалира ситуацијата со корона вирусот, болниците преполни, монтажните болници никаде ги нема

Ескалира ситуацијата со корона вирусот, болниците преполни, монтажните болници никаде ги нема

Ескалира ситуацијата со корона вирусот во Македонија, болниците се преполни со пациенти. Во многу болници низ државата слободен кревет нема ни за лек, а никаде ги нема монтажните болници кои што министерот за здравство, Венко Филипче ги ги најави уште во јули месец, а требаше да послужат за појачување на капацитетите на болниците за есенскиот бран.

Вчера се исполнија капацитетите и на Инфективната клиника во Скопје, па во функција ќе биде ставна, единствената во државава модуларна болница која треба да ги прими новите критично болни.

Слободен кревет, за прием на пациенти со корона вирус, нема и на инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Куманово и Велес.

Подобра не е ситуацијата ниту во Градската болница „8 Септември“, која до скоро беше главен Ковид центар. Директорот Кристијан Костов, за телевизија Телма изјави дека капацитетот на болницата, воглавно, бил пополнет. Во болницата може да се најде некој слободен кревет, бидејќи ослободуваат места за најкритичните, со тоа што пациентите на кои им се подобрила состојбата ги препраќаат во Козле или на Инфективна.

Имено, министерот Филипче најави дека во склоп со општите болници низ градовите во државава требаше да се постават 16 монтажни болници. Тие беа најавени во првата половина на јули, а до сега, кога сме и во екот на есенскиот бран, кога дневно бележиме по околу 400 новозаболени пацеинти, и кога капацитетите низ болниците се исполнети, од монтажните болници сеуште нема ни трага ни глас. Со поставување на мобилните болници требаше да се почне во август месец, со што здравствениот систем требаше да биде поспремен, а не изненаден како во случајов, за есенскиот бран со корона вирусот.

Приказната за монтажните болници Филипче ја стартуваше во јули кога соопшти дека градоначалниците на 16 општини во државава го поддржаа предлогот. Станува збор за регионални КОВИД центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови.

„Станува збор за број на дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени Ковид центри. Во петокот, 10.07.2020 година, по иницијатива на министерот за здравство а со поддршка на Заедницата на единиците на локални самоуправи ЗЕЛС, преку електронска платформа, се одржа работен состанок со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп“, стои во тогашното соопштение на министерството за здравство.

Поддршка за овој проект требаше да има и од општините, но на терен нема ништо ново. Општините требаше да направат проекти и на располагање безрезевно, требаше да ги стават сите капацитете кои се во нивна ингиренција. Но, од општините нема никаков податок до кај се постапките или дали воопшто е нешто почнато да се прави. Единствена која што се пофали дека нешто е направено во овој поглед беше директорката на кумановската Општа болница, Снежана Захариева. Но и таа, само со настан за (себе)промоција на кој кажа каде ќе биде монтажната болница, но не кажа кога таа ќе биде поставена.
„Ковид болница во Куманово ќе се наоѓа во непосредна близина на инфективното одделение, на местото каде што се наоѓа стариот објект на физикална терапија кој од поодамна не е во функција. Објектот ќе биде срушен и тука ќе биде поставена монтажната Ковид болница за Куманово, информираше Захариева. Проектот, како што рече, е испратен до министерството за здравство и се очекува официјална потврда за почнување на активности на терен.

Информации нема ниту од надлежното министерство за здравство, освен што вината ја префрлаат кај другите, односно кај тогашната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која Филипче ја обвинува дека не го потпишала договорот за заем од Светска Банка.

На ова реагираше и самата Кочоска, која вели дека Филипче да ја праша тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска зошто таа не го потпишала договорот, затоа што добила насока од Влада и одлука од ДИК, дека за време на предизборна кампања таков договор не смее да потпише.

„Филипче да ја праша Нина, зошто не го потпишала договорот сама, кога доби насоки од Влада и одлука од ДИК дека не може да потпише“, напиша Кочоска на нејзиниот Фејзбук профил.

Евидентно е дека монтажните болници најавени непосредно пред предвремените парламентарни избори на 15 јули му послужија на Филипче за маркетинг и собирање на политички предизборни поени, не само во Македонија, туку и во регионов за да покаже дека нешто работи. На видео конференцијата на која учествуваа претставници од државите на Западен Балкан, Грција и Бугарија, како што стои во соопштението на интернет страната на Владата „Филипче појасни за подготовките и зајакнување на здравствениот систем за есенскиот период со 16-те монтажни болници низ државата со кредит од Светската банка“.

Наместо решавање на прашањата за реализација на проектот поврзани со инфраструктурни барања, како и персонал, опрема, ресурси генерално, Филипче на прв план ги стави политичките апетити, или функцијата, тендерите, и секако кампањата за изборите.

Да бидеме попрецизни, во периодот кога имаше забрана за движење, полициски час, строги мерки за карантин, исполнети беа околу 20% од болничките капацитети според изјави на надлежните, на 28 март, 2020 година почна расчистување на теренот за подигнување на монтажната шатор болница. Целата политичка елита, претставници од министерството за здравство, министерството за одбрана и градот Скопје, помпезно пред камери, на некој начин ја објаснуваа сопствената пожртвуваност и важноста на овие шатори за народот и за нивното здравје.

Но само, неколку дена после овие помпезности, заврна снег и шаторите паднаа од тежината на снегот. Некое време подоцна, во периодот кога според власта, се справивме со короната некаде во мај, министерството за здравство на својата фејсбук страница се пофали дека ќе се гради монтажен објект со капацитет од 72 легла на истата локација. И така се размонтираа шаторите и почнаа да се носат нови монтажни контејнери кои ја претставуваат монтажната болница на истата локација.

Од поимот монтажени објекти во склоп со болниците јавноста сведочеше само на монтирање на болница од шатори која е донација од Норвешка за министерството за одбрана од пред десеттина години, а потоа нејзино демонтирање и монтирање на монтажна болница покрај инфективната Клиника која и таа е донирана, само што овој пат тоа не беа шатори.

Сега кога веќе сме во екот на есенскиот бран, и кога ситуацијата ескалира и од час во час станува се по драматична, можеме да се запрашаме, дали монтажните болници и спремањето за есенскиот бран на корона, беше само предизборно ветување за добивање политички поени на Филипче во пресрет на изборите!?

Најнови вести