четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евростат: Неочекуваните финансиски трошоци тежок товар за 58,5% македонски граѓани

Евростат: Неочекуваните финансиски трошоци тежок товар за 58,5% македонски граѓани

Според последните податоци на Евростат, неочекуваните финансиски трошоци се тежок товар со кои не можат да се соочат 58,5% од македонските граѓани.

Под нив не спаѓаат сметките за комунални услуги, годишните обврски за данок, давачките за редовно одржување и сервисирање на домот и возилото или парите потребни за годишни здравствени прегледи.

Како неочекуван финансиски трошок се смета ненадејното губење на работното место, голем здравствен проблем кој бара значаен износ пари за лекување, тешка сообраќајка во кое возилото е многу уништено и слични проблеми кои не може однапред да се предвидат.

Најнови вести