Семејството Китановски од Кратово во изминатиот период се сеоочува со големи маки, поради болеста на нивниот 13 годишен син Давид кој боледува од тешка болест – карцином на белите дробови.
Неодамна на малиот Давид му беше извршена операција во Виена, благодарение на хуманите луѓе од државата.
Но, тука не е крајот на маките на ова семејство, кое повторно апелира за помош за собирање на парични средства неопходни за понатамошното лекување на Давид.
Преставниците на фудбалскиот клуб Еуро Спорт од Куманово кога слушнаа за болеста на Давид веднаш помогнаа со донација на значајни парични средства.
Во името на претседателот на клубот Александар Маневски, средствата на семејството ги врачи тренерот Далибор Трајчев, а тие им изразија голема благодарност.
Семејството повторно апелира за помош од сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат на ова детенце кое се бори со тешката болест.
Средствата можат да се уплатат и на броевите на мобилните телефони 070 143 173 и 077 143 480.