Првото бебе родено во новата година во областа Енцкрајс, јужна Германија, е Македончето Кристијан.
Новогодишното бебе има три килограми и е прва рожба на Анита Блажеска од Илинген, која се породи пред 9 часот на гинеколошкиот оддел при клиниката во Милакер.
Областа Енцкрајс се наоѓа во северозападниот дел од германската сојузна покраина Баден-Виртемберг и има 196.066 жители според податоците од крајот на 2015 година.
Во болницата во Милакер минатата година се родија 550 деца.