Иконата на Пресвета Богородица која прв пат почна на мироточи на 9 Април 2016 година, повторно го повтори процесот, но овој пат со зголемен интензитет.
Верниците во црквата во Трубарево, кои на 01.01.2018-та биле на утринската молитва биле воодушевени што иконата повторно почнала да мироточи, но овој пат со поголем интензитет.
За овој случај јавува порталот РЕЛИГИЈА.
За настанот известена е скопката митрополија, а верниците од утрово доаѓаат да се поклонат и помолат пред иконата.
Дел од верниците кои ни ги испратија овие фотографии, велат дека чудото се повторило по утринската молитва, кога тие во црквата разговарале околу начинот како годинава да се прославува Бадник и Божик. Голем број верници биле за тоа да се празнува традиционално со бадникарски огнови, по што, како што раскажуваат тие, го забележале повторниот процес на мироточење, пишува порталот.
Од Скопската епархија засега нема коментари за овој нов процес на мироточење на оваа икона.
Иконата на Пресвета Богородица во Трубарево мироточеше околу два месеци, по што процесот прекинал. Сега тој чудтворен процес се повтори.