четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓеорѓиевски: Градоначалникот Темеловски нема изградено ниту еден капитален проект во Кисела Вода

Ѓеорѓиевски: Градоначалникот Темеловски нема изградено ниту еден капитален проект во Кисела Вода

Орце Георѓиевски организационен секретар за изборна единица еден на ВМРО ДПМНЕ гостуваше во денешната емисија на радио Лидер ,,Филибастер” каде кажа дека во општината Кисела Вода за три ипол години ништо не е направено од страна на градоначалникот од СДСМ Филип Темелковски со што би се подобриле условите за живот на граѓаните.

– Кисела вода за жал во изминативе три ипол години откако е на власт е Филип Темелковски ние немаме во ниту еден сегмент подобрување на условите за живот за нашите сограѓани потенцираше Георѓиевски.

Орце Георѓиевски организационен секретар за изборна единица еден на ВМРО ДПМНЕ појасна дека сегашниот градоначалник од редовите на СДСМ Темелковски во целокупниот негов досегашен мандат нема изградено ниту еден капитален проект кој е пуштен во употреба за потребите на жителите на Кисела Вода и дека тоа е срамно.

– Да бидам попрецизен ние во малтене цел мандат потрошен на Филип Темелковски во четири години живот потрошено на нашите сограѓани ние немаме ниту еден капитален проект кој што за кој што Темелковски изработил проект го сработил проектот и истиот е ставен во служба на нашите сограѓани. Значи нема таков проект заврши Георѓиевски.

Најнови вести